Промоција на постигнувањата на проектот Tools for better learning

На 28 ноември 2025 година, во модерните простории на Студентскиот Хаб Нетавил во Скопје, се одржа промотивен настан посветен на презентација на резултатите од Erasmus+ проектот „Tools for Better Learning".

Настанот ги собра ентузијастички ученици, студенти и професори, кои имаа можност да ги запознаат иновативните производи:

Неформално учење – практичен прирачник за модерни техники на учење

Неформално учење - Иновативни алатки и техники – колекција на креативни методи

Алатки за подобро учење – сеопфатен toolkit за интерактивно образование

Особено внимание привлекоа 30-те едукативни видеа креирани со помош на вештачка интелигенција, кои нудат современ пристап кон неформалното образование.

Настанот предизвика жив интерес и отвори дискусии за имплементација на овие ресурси во училишните програми, потврдувајќи го значајниот придонес за дигиталната трансформација во образованието.

Галерија