Ученици под менторството на Зоран Златковски, успешно учествуваа на меѓународниот натпревар за претприемништво организиран во Шкодра, од 25 до 28 октомври 2025 година.
Младиот тим покажа извонредна креативност, иновативност и силен дух за тимска работа, презентирајќи оригинални бизнис идеи кои ги воодушеви меѓународното жири. Нивниот труд и посветеност беа наградени со три бронзени награди, што претставува голем успех и гордост за училиштето и локалната заедница.
Оваа победа ја потврдува ефикасноста на подготовките и менторската поддршка од Зоран Златковски, кој ги водеше учениците низ целиот процес на развој на проектите. Честитки до сите учесници за одличните резултати и инспирација за идните генерации!