Одобрен и финансиран од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност

Проектот Стануваме претприемачи се реализира во партнерство помеѓу: 
           IFTE - (Initiative Fur Teaching Entrepreneurship) - Vienna

ЛензСтарт - Скопје

Структура на проектот

Цели
За учество на обука на учесници во рамките на проектот „СОЗДАВАМЕ НОВА ГЕНЕРАЦИЈА МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ЗА ДИГИТАЛНА И ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА - ЕНТРЕ(АИ)“ со регистарски број 2026-1-МК01-КА122-VET-000445086 од програмата Еразмус+ 2021-2027, која ќе се реализира од 25.09 до 05.10.2026 г., во Виена, Австрија, во траење од 10 дена, според следните услови.
1. Критериуми за учество на кандидатот:
  •  Да е на возраст од 15 до 19 години.
  • Да има активно познавање на англиски јазик;
2. Потребни документи за учество:
  • Пријава за учество
  • Концепт на бизнис идеја која ќе ја развива на обуката
3. Број на позиции 6

Потребните документи се поднесуваат на маил: zoranzlatkovski@yahoo.com

Сите трошоци за сместување, храна и превоз на селектираните учесници ќе бидат целосно покриени од доделениот грант од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Огласот трае од 05.09.2026 г. од денот на објавувањето.
За проектот
ENTRE(AI) има за цел да воведе нов и иновативен пристап во претприемачкото
учење, кој ги поврзува обуката по претприемништво, вештачката интелигенција,
менторството и практичната примена на знаењата. Учениците ќе стекнуваат
претприемачки компетенции, ќе генерираат и развиваат бизнис-идеи со помош на
AI, ќе добиваат менторска поддршка и ќе имаат можност стекнатите знаења,
вештини и компетенции да ги применат во реален меѓународен натпревар
YouthStart European Entrepreneurship Award – North Macedonia 2026.
Спецфична цел
Подобрување на претприемачки знаења, вештини и компетенции кај 4 ученици да развијат модел за сопствен бизнис според „Entreprenurial challanges“ методологија базирана на „EntreComp“ платформата

Очекувани резултати

  • Обучени ученици преку методологијата You(th)Start.
  • Формиран оддел You(th)-Lab за развој на претприемништво.
  • Развиена програмата „GreenAI – Претприемништво“ со примена на AI
    алатки.
  • Изработени едукативни видеа за претприемништво, AI и одржлив развој.
  • Подобрен пристап до претприемачко образование за ученици со помалку
    можности.
Влијание
 
  • Проектот ќе придонесе за развој на претприемачки, дигитални и зелени
    компетенции кај младите, поголема примена на AI во образованието и создавање
    на иновативна и инклузивна средина за учење која ќе ги подготви учениците за
    идните предизвици.

Потребни документи за пријава:

Пријава-за-учество-на-обука-за-учесници-во-Австрија-2026  
ФОРМУЛАР-ЗА-ОПИС-НА-БИЗНИС-ИДЕЈА